петок, 18 октомври 2024
Реакција на поранешниот директор на Финансиската полиција

Муареми: Се покажа дека не сум работел незаконски, злоупотребите на Русковска ќе ги докажам

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуките на обвинителството потврдуваат дека во институцијата со која што јас раководев нема неправилности и незаконитости во периодот на моето директорување. Како што претходно тврдев, останувам на истиот став дека нападот кон мене беше исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавно обвинителската фунција со цел да ми се наштети мене, мојот углед и угледот на Управата“, вели Муареми.

Дополнително, Арафат соопшти дека до Основниот граѓански суд Скопје поднел тужба против поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, затоа што, како што вели Муареми, истата, „во неколку наврати во своите јавни излагања, иако свесна за невистинитоста на истите, продолжува да изнесува лажни и невистинити податоци, да лаже и да клевети“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ