вторник, 22 октомври 2024

Москва: Украина никогаш нема да влезе во НАТО

Украина никогаш нема да се придружи ан Северноатлантската алијанса, кажа заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој со ова ја искоментира изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека условот за влез на Украина во западниот воен блок е победа во конфликтот со Руската Федерација.

„Значи, тоа никогаш нема да се случи. Се надевам дека Столтенберг тоа го сфаќа“, истакна Рјабков.

„Тој знае подобро од мене како е подготвена озлогласената одлука од 2008 година, кога лидерите на НАТО на највисоко ниво напишаа дека Украина ќе стане членка на НАТО. Тоа во значителна мера беше детонаторот на цела оваа криза која ја гледаме денес. Ако НАТО е спремен и понатаму да работи на ист начин, без ништо да научи од историјата, тогаш сето тоа ќе им се врати како бумеранг“, истакна рускиот функционер.

Одговарајќи на прашањето дали од тоа произлегува дека Украина никогаш нема да влезе во НАТО, Рјабков истакна: „Мислам дека тоа е исклучено“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ