четврток, 28 ноември 2024

Москва и Анкара: Неприфатливо политичко убиство на Ханија, Нетанјаху не сака мир

Смртта на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија е неприфатливо политичко убиство што го зголемува ризикот од ескалација во регионот, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Сето ова е многу лошо, ова е апсолутно неприфатливо политичко убиство и тоа ќе доведе до натамошна ескалација на тензиите“, изјави Богданов за РИА Новости.

Според него, убиството ќе има негативно влијание врз преговорите во Доха.

Анкара го осуди убиството на Ханија и ја повика меѓународната заедница да го запре Израел пред конфликтот да се прошири во регионот.

„Уште еднаш се покажа дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема намера да постигне мир“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, рече дека Ханија не пролеа крв залудно и дека неговата смрт ќе ја зајакне „длабоката и нераскинлива врска меѓу Техеран, Палестина и отпорот“.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханија и неговиот телохранител биле убиени во Техеран.

Хамас го нарече убиството во наводниот воздушен напад „сериозна ескалација“ и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“.

Израел сѐ уште не издаде соопштение во врска со убиството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ