петок, 18 октомври 2024

Москва ги покани ОБСЕ на претседателските избори

Објавено на

часот

Сподели

Според руски Комерсант, Москва со тоа сака да покаже дека изборите ќе бидат „за пример“, за разлика од претходните, парламентарните избори, на кои беа пријавени многубројни неправилности.

Комерсант пишува дека официјална Москва сега не сака да го чека завршниот извештај на Бирото за демократски институции и човечки права на ОБСЕ за декемвриските избори, туку на организацијата веќе ѝ испратила покани за набљудувачи.

Портпаролот на Бирото за демократски институции Јанс Ешенбахер потврди дека тие ги добиле сите неопходни документи од руската Централна изборна комисија и дека сега ги собираат набљудувачите, бидејќи Москва го одобрила барањето тие да испратат 200 набљудувачи, од кои 40 долгорочни, а 160 краткорочни.

„Сè е направено навреме. Првите набљудувачи ќе почнат да работат кон крајот на месецов“, изјави Ешенбахер, но додаде дека тоа нема да влијае врз објавувањето на официјалниот извештај на Бирото за парламентарните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ