Руското Министерство за одбрана во соопштение тврди дека борбените авиони на британското кралско воздухопловство (РАФ) направиле пресврт при приближувањето на нивниот авион и дека руската државна граница не била нарушена, пренесува Скај њуз.
„Летот на руските борбени авиони беше извршен во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над меѓународните води без преминување на воздушните линии или опасно приближување до авиони на странска земја“, се додава во соопштението.