четврток, 24 октомври 2024

Московјани положија цвеќе за жртвите од рускиот напад во Харков (ВИДЕО)

Московјани положиле цвеќе за жртвите од руските ракетни напади врз украинската област Харков, два дена по жестоките напади во кои загинаа и беа повредени десетици цивили.

Објавено на

часот

Сподели

На споменикот Лесја Украинка биле поставени цвеќиња со црни и сино-жолти ленти во чест на загинатите за време на гранатирањето на Харков на 6 октомври и на селото Гроза на 5 октомври.

Сепак, општинските власти наводно ги отстраниле цвеќињата.

Во четвртокот и петокот десетици цивили беа убиени и повредени во жестоки руски напади.

Десетгодишно момче и неговата баба се убиени во петокот наутро во Харков кога проектил погодил станбена зграда во градот, недалеку од руската граница. Повредени се 30 лица, од кои 12 се хоспитализирани.

Властите во Харков ги прекинаа операциите за пребарување и спасување во петокот навечер.

Само еден ден претходно, според официјални податоци, во руски ракетен напад врз кафуле во место во областа Харков, загинаа 52 лица.

Русите во повеќе наврати изразија сочувство за жртвите во претходните руски напади врз цивилни цели во Украина. Руските власти редовно преземаат мерки против ваквите акции на солидарност.

Москва официјално го демантира гранатирањето на цивилни цели во Украина, наведувајќи дека се работи за воени цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ