Како што појаснуваат, медицинските екипи кај овој пациент веднаш ја извршиле неопходната дијагностика, по што била извршена хируршка интервенција, што поминала во најдобар ред.
Од Секторот за внатрешни работи – Скопје на 3 ноември информираа дека ги расчистиле убиството и обидот за убиство врз таткото и синот. Убиството било извршено со огнено оружје. Бил утврден идентитетот на сторителите – две лица на возраст од 23 и 31 година.
Осомничените, како што соопшти тогаш Јавното обвинителство, заеднички и со умисла на подмолен начин лишиле од живот едно лице, а се обиделе да го лишат од живот и неговиот син, поради нерасчистени должничко доверителски односи – долг од 7.000 евра, што, сега починатиот, го имал кон покојниот татко на осомничените.