петок, 18 октомври 2024

„Мојот маж“ на Бужаровска промовирана во Аргентина

Македонската авторка Румена Бужаровска на 31 јануари, во Буенос Аирес, Аргентина, го претстави шпанското издание на „Мојот маж“ (објавено од страна на шпанската издавачка куќа Impedimenta, во превод на Красимир Тасев). Промоцијата се одржа во книжарницата Dain Usina Cultural пред бројна публика.

 

Објавено на

часот

Сподели

 

Со Бужаровска разговараше познатата новинарка, авторка и професорка Инде Помераниец, која во 2015 година беше една од организаторките на аргентинското феминистичко движење #NiUnaMenos против фемицидот и насилството врз жените.

Деновиве „Мојот маж“ се објави и на полски јазик (во издание на Biuro Literackie и во превод на Јованка Дорота Ќириќ), а според истоимената збирка раскази атинскиот театар „Тисион“ постави претстава во режија на грчката режисерка Марија Маганари.

Збирката „Мојот маж“ досега е преведена на 14 јазици и е поставена како театарска претстава во шест земји. Неодамна издавачката куќа „Три“ го објави десеттото издание на книгата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ