недела, 14 јули 2024

Мобилност Македонија го одбележа 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Објавено на

часот

Сподели

Национален Сојуз е посветен на комуникацијата со институциите на државата за подобрување на правата и положбата на лицата со инвалидност, сакаме да поттикнеме свест и совест кај обичниот граѓанин за потребите на лицата со инвалидност, затоа што тие се еднакви граѓани на оваа држава, и само со поддршка можеме да се сплотиме, да живееме во една заедница и да ги уживаме правата во животот како и сите останати, истакна на собирот во Битола, претседателот на Мобилност-Македонија, Бранимир Јовановски.

„Во ова време на невреме, кога сите не обвива едно сивило, повикувам на сплотеност, на заедништво, за почит и чесност во работењето, но пред се на отчетност бидејќи нашата работа во Мобилност-Македонија е на волонтерска основа, а волонтерството подразбира саможртвување без чукање во гради. Мислам дека сите имаме доволно простор да си подадеме рака, за жал Македонците некако се навиканти многу често да пружаат нога, отколку да си подаваат рака, и да се обидеме да ги пребродиме овие времиња, а Сојузот да продолжи така како што генерациите го воделе кон успех и успешни настапи пред институциите на државата и да го подигнеме на уште повисоко ниво“, посочи Јовановски.

Пред членовите на здруженијата на лица со телсен инвалидите од повеќе македонски градови, Јовановски потсети на дел од успесите на Националниот сојуз постигнати во 2023 година.

„Како пример ќе го истакнам подобрувањето на Законот за здравствено осигурување, односно измените и дополнувањата од месец септември оваа година кога конечно успеавме и повозранисте лица, односно не само лицата до 26 години, да бидат ослободени од партиципација во примарната и секундарната здравствена услуга, како и при земање на лекарства. Ова беше битно затоа што во принцип лицата со телесен инвалидитет, и генерално лицата со инвалидност се на маргините на општеството, со ниски примања а многу почесто имаат потреба од одење на лекар заради санирање на својата здравствена кондиција, што значи овој трошок иако е до 70 проценти од минималната плата, сепак е доволен за некои семејства и затоа сметаме дека оправдана беше одлуката на Собранието да се донесат измените на Законот за здравствено осигурување. Инаку, во моментов работиме на новиот текст на Законот за градење кој е многу битен за нас бидејќи со него се решава можеби најголемиот проблем на лицата со телесен инвалидитет, а тоа е можноста за пристапност, за независно живеење, за слободно движење, можноста да влезат во институции бидејќи свесни сме дека во нашата држава има премногу скалила, премногу непремостливи архитектонски бариери и пречки, и искрено се надеваме дека вклучувањето на елементите за пристапност ќе биде основ за градба. Само така може да се реши ова прашање“, нагласи Јовановски.

Во рамки на честувањето на 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, но и во пресрет на 4 декември, денот кога е основан сојузот Мобилност-Македонија, се одржа работилница на тема „Менталното здравје кај лицата со инвалидност“.

„Менталната благосостојба како дел од целокупното здравје е многу важна бидејќи тоа е основно човеково право. За жал сеуште треба да се работи за надминување на повеќе проблеми пред се на стигматизирањето на телесната попреченост, да се почитуваат човековите права на лицата со телесна попреченост и да не се чувствуваат дискриминирано. Лицата со телесен инвалидитет имаат потреба од социјално вклучување, наспроти социјално исклучување кое предизвикува незадоволство, фрустрираност, анксиозност, стрес и други проблеми. Посебен проблем е изолацијата и осаменоста кои влијаат врз чувството на самодоверба, и затоа ние помагаме да ја зајакнеме и охрабриме секоја личност со телесен инвалидитет“, истакна универзитетскиот професор д-р Сашо Кочанковски предавач на работилницата.

За учесниците на националниот собир, претставници на здруженијата на лица со телесен инвалидите од Скопје, Штип, Прилеп, Струмица, Дебар, Струга, Кочани, Куманово, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Ресен, Демир Хисар и од Битола, членови на КУД „Илинден“-Битола приредија уметничка програма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ