среда, 30 октомври 2024

Митева: СДСМ и ДУИ незаконски доделиле 100 милиони евра на компании блиски до нив

Македoнија е ограбена држава, со новиот метод на СДСМ и ДУИ со незаконски потрошени 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите, обвини денеска на прес конференција, Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

За жестоко и помпезно најавуваната инвестиција, за која се носеше и посебен закон за финансиска поддршка на македонското стопанство, СДСМ и ДУИ потрошиле 100 милиони евра, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари, рече на прес конференцијата Митева.

„Во законот кој сами го донеле навеле дека секој може и има право да конкурира, дури и оние правни лица кои што не ги исполнуваат условите согласно овој закон. Не само што незаконски постапувале, дополнително е потврдено и дека немало никаков позначаен ефект од ваквите мерки. Имено, во извештајот на Фајнанс Тинк – Институтот за економски истражувања, а се однесува на оценката на пазарот за економските мерки против КОВИД-19 се потврдува дека пазарот негативно го оцени првиот пакет мерки, инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја имаа вградено информацијата за ниската реализација на мерките од претходните два пакет мерки. Воедно, согласно законот и правилникот постоела обврска дека треба да има формирано тело кое ќе следи како и на што се трошеле овие средства, но сепак такво тело не постоело“, тврди Митева.

Според неа, ова потврдува дека наместо за народот, за бизнисот и економијата во целина, парите завршувале кај фирми блиски до власта.

„Од ден за ден нови економски негативи, но од ден за ден имаше позитива на салдото на функционерите на СДС и ДУИ. За ова мора да има одговорност“, рече Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ