петок, 18 октомври 2024

Митев: Мора повеќе да работиме на себе, да ставиме многу кила за да се носиме со најсилните

Македонскиот репрезентативец Марко Митев вели дека поразот од Германија не е изненадувачки со оглед на разликата во квалитет на двете репрезентации.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската репрезентација доживеа нов пораз на Европското првенство, овојпат загубивме со девет разлика од селекцијата на Германија.

„Игравме против селекција што ќе се бори за медал на ЕП и навистина не беше лесно да се носиме против толку квалитетен противник. Најголемиот дел од германските репрезентативци играат во Бундеслигата, која е најсилна на светот и искуството собрано таму е непроценливо. Сето ова наведува дека крајниот епилог и не е премногу изненадувачки“, изјави Митев.

Тој се согласува со изјавата на селекторот од пред неколку дена дека ракометарите мора да работат на себе надвор од вообичаените тренинзи со клубовите.

„Не само Германците, туку речиси сите репрезентации на ЕП имаат ракометари кои важат за многу силни. Се согласувам со селекторот Лазаров за тоа што го изјави пред неколку дена дека треба повеќе да работиме на себе. Едноставно треба да ставиме многу кила за да може да се носиме со ваквите ѕверови на теренот, односно со репрезентација што е физички многу помоќна од нас“, дополни Митев.

Македонија во вторник од 18 часот го игра последниот натпревар на европското првенство, противник ни е Швајцарија.

Од Берлина за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ