сабота, 26 октомври 2024

Мишел: ЕУ не се плаши од руски контрамерки за планот за замрзнатите средства

Европската Унија не се плаши од можни контрамерки во врска со плановите профитот од замрзнатите руски средства да се искористи за купување оружје за Украина, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не се плашиме од Русија и затоа носиме одлуки да ја поддржиме Украина, да ѝ се спротивставиме на Русија и да ја санкционираме“, кажа Мишел на заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на крајот на самитот на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека ЕУ смета дека е праведно тие приходи да се користат за помош на Украина бидејќи таа земја, како што наведе, „е жртва на агресијата која ја почна Русија“.

Лидерите на ЕУ соопштија дека Унијата би можела да ги искористи приходите од замрзнатиот руски имот за воена помош на Украина во рок од неколку месеци во рамки на планот кој вклучува купување оружје за Киев.

Лидерите на 27-те членки на блокот се согласија на состанокот во Брисел да продолжат со работата на планот кој неделава го претстави Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ