среда, 30 октомври 2024

Мисајловски вети подобри услови за работа во Министерството за одбрана и Армијата

Подобрување на условите во кои работат сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата и опремување на армиските припадници, вети министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба со претставниците на репрезентативниот и останатите синдикати во одбраната.

Објавено на

часот

Сподели

„На самиот почеток од средбата министерот Мисајловски упати уверување до сите претставници дека оваа соработка ќе биде мошне значајна во периодот што претстои особено во поглед на опремување на припадниците на Армијата, но и за натамошно подобрување на условите во кои работат сите вработени во Министерството и Армијата“, информираат од МО.

Претставниците на синдикатите изразија благодарност за оваа прва средба и подготвеност активно да партиципираат во процесите кои ќе значат сериозно подобрување на системот за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ