среда, 27 ноември 2024

Минусни утрински температури измерени на повеќе места

Со измерени – 4 степени целзиусови утрово е најстудено во Берово, додека најтопло е во Крушево со 4 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Битола се измерени -3 степени, -2 во Струмица, Демир Капија и Тетово, -1 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Кавадарци и Лазарополе, 0 степени во Прилеп, 1 Скопје-Зајчев Рид, 2 во Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Маврови Анови, Охрид, Претор и Попова Шапка и 3 степени во Виница.

Од УХМР информираа дека во текот на ноќта времето беше ведро, а во утринските часови во североисточниот дел од земјата и вдолж Повардарието има ниска облачност и појава на слаба магла. Дуваше слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска претпладне по одделни котлини со појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ