четврток, 25 јули 2024

Министерството за здравство ќе го раскине договорот за изградба на болницата во Кичево

Министерството за здравство почна постапка за раскинување на договорот со фирмата ТПДПТУ Инсталими која не успеа да ја заврши изградбата на болницата во Кичево.

Објавено на

часот

Сподели

Досега со оваа фирма биле потпишани два договора, првиот во 2014 и вториот во 2021 година со вкупна вредност од 9 милиони евра. Рокот за завршување на работите на вториот договор бил 2024 година.

Договорите се однесувале на реконструкција, пренамена, адаптација, изградба и доградба на Општата болница во Кичево.

Фирмата Инсталими е од село Длапкин Дол, Зајас Кичево, застапувана од Рукије Исеини.

Од Министерството за здравство велат дека е јасно дека објектот нема да биде завршен во предвидениот рок и дека по раскинување на договорот ќе се бара и надомест за направената штета.

Во меѓувреме жителите на Кичево се принудени здравствените услуги да ги добиваат во старата болница, која не ги задоволува потребните услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ