четврток, 28 ноември 2024

Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Министерот за спорт Борко Ристовски со тим од министерството, денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржа состанок со ректорката на Универзитетот, проф.д-р Биљана Ангелова и со работната група составена од професори експерти во делот на градежништвото, архитектурата, електротехниката и машинството, на кој се утврди акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет.

Објавено на

часот

Сподели

Целта е оваа сала, во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција.

Министерството за спорт соопшти дека обезбеди средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.

„Во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција, за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ“, истакна министерот Ристовски.

Реконструкцијата на салата ќе се одвива во неколку фази и се очекува во најкраток рок таа да биде подготвена за потребите на студентите на Универзитетот. Салата ќе биде во сопственост на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно склучениот Договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ