понеделник, 25 ноември 2024
Oдговор кон Институтот за демократија

Министерството за енергетика реагира: Ресорот е формиран токму за да се намали корупцијата

„Ги поздравуваме сите иницијативи кои носат поголема одговорност и транспарентност во делот на енергетиката. Соопштението на Институтот за демократија во однос на тоа дека треба да бидеме крајно внимателни во делот на енергетиката е факт што бил запоставуван со години. Токму енергетиката е делот каде се направени најголемите криминали за што досега неколкупати алармирале и од Државниот завод за ревизија но без никаков успех“, реагира Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси .

Објавено на

часот

Сподели

Ова министерство е формирано за да се намали корупцијата, која порано токму поради непостоење на ваков тип на институција ја се носеа одлуки, постапки без закони туку со правилници и одлуки на владини седници за кои јавноста и многу малку знаеше, велат во реакцјата од министерството и додаваат дека таа пракса мора да заврши.
„Како Министерство ќе бидеме крајно транспарентни во секоја постапка. Само со транспарентен однос, со јавна дебата за секое прашање и со постојано информирање на сите чинители во енергетиката може да се врати довербата во институциите. Како министерство, иако ноформирано, покренавме постапка за итна ревизија на сите институции што се под наша надлежност и по спроведената постапка ќе побараме реакција од обвинителството. Во моментов во фаза на ревидирање се постапките за јавни набавки во сите институции кои се спроведувале во време на техничката Влада. Поништен е тендер во МЕПСО од 900.000 евра каде компанијата што се пријавила и го добила нема капацитет ниту ресурси за спроведување на истиот“, се наведува понатаму во реакцијата.
Од министерството велат дека е усогласена уредбата за гаранции на потекло со Енергетската заедница и дека истата е поставена на ЕНЕР каде е јавна и може да се коментира.
„Како држава сме на јавна критика од Енергетската заедница поради неносење на измените на Законите за енергетика и за обновливи извори на енергија. Формирана е работна група во рамките на министерството каде учествуваат претставници на МЕПСО, ЕСМ, ЕВН, ЕБРД и Енергетската заедница и се работи на законските измени кои потоа ќе бидат преставени на јавноста и ставени на јавна дискусија. Ја повикуваме јавноста да ја следи нашата работа и на невладиниот сектор вратите на Министерството се отворени во секој момент. Очекуваме поддршка за нашата работа бидејќи во интерес на јавноста, во интерес на државата е драстично намалување на корупцијата во делот на енергетиката поради што е формирано ваков тип на министерство“, се вели на крајот од реакцијата.
Утрово Институтот за демократија преку соопштение предупреди дека токму  важноста на енергетиката и државните природни ресурси, како и големите финансиски придобивки што концесионерите ги остваруваат во овие сфери, го прават Министерството за енергетика подложно на ризик, дури и во државите со добро развиени антикорупциски политики.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ