среда, 23 октомври 2024
Вицепремиерот контра ВМРО-ДПМНЕ

Министерството на Груби демантира дека тој ја вработил снаата на обвинителот Абази

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за политички систем тврдат дека во Планот за трансфер на вработени преку програмата К-5, кој е усвоен од страна на Владата, предвиден во Законот за трансфер на административни службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, заедно со уште 9 вработени, Шпреса Абази била предвидена за трансфер во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

„Во моментот кога планот е усвоен од Владата и беа реализирани трансферите, нејзиниот статус беше во мирување, бидејќи беше во придружба на својот сопруг, во амбасадата на Северна Македонија во Виена, Австрија, испратени во време на Никола Поповски, министер за надворешни работи. Затоа, трансферот е извршен веднаш по враќањето од Виена, како дел од планот за трансфер на 1359 вработени со програмата К5“, соопштија од Министерството за политички систем.

Претходно денеска, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес конференција обвини дека првиот потрпетседател на Владата и министер за политички систем, Артан Груби ја вработил снаата на шефот на Обвинителството за борба против корупцијатс (ОЈО ГОКК) Ислам Абази, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ