вторник, 22 октомври 2024

Министерот за здравство на САД бара на социјалните мрежи да се постават предупредувања

Министерот за здравство на Соединетите Американски Држави Вивек Мурти побара од американскиот конгрес да стави знаци на предупредување на платформите на социјалните мрежи, слични на оние кои сега се задолжителни на кутиите цигари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мурти изјави дека социјалните медиуми се фактор кој придонесува на криза на менталното здравје меѓу младите.

„Време е да се бара ознака за предупредување на министерството за здравје на платформите на социјалните мрежи, во која се наведува дека социјалните медиуми се поврзани со значителни штетни последици по здравјето на адолесцентите. Ознаката за предупредување редовно би ги потсетувала родителите и адолесцентите дека социјалните медиуми не се докажано безбедни. Доказите од студиите за тутун покажуваат дека ознаките за предупредување можат да ја зголемат свеста и да го сменат однесувањето“, кажа Мурти.

Тој додаде дека Конгресот треба да донесе закони кои ќе ги заштитат младите луѓе од онлајн вознемирување, злоставување и експлоатација, како и од изложеност на екстремно насилство и сексуална содржина.

Мурти кажа дека употребата на ознаката за предупредување не би ги направила социјалните мрежи безбедни за младите луѓе, но би била дел од потребните чекори. Тој верува дека влијанието на социјалните медиуми на младите би требало да биде итна грижа.

Додаде дека училиштата и родителите исто така мора да учествуваат во обезбедување на време поминато без мобилен телефон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ