Министерот Тошковски го осуди терористичкиот напад во Русија
Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи најостро го осудувам вчерашниот терористички напад врз невините посетители во концертната сала Крокус сити хол во Красногорск, Русија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите погодени од овој грозоморен чин, а на повредените им посакувам најбрзо закрепнување, објави вечерва техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
Објавено на
часот