На средбата со амбасадорката Филипиду уште еднаш бил потврден заемниот интерес за негување на добрососедските односи, со акцент на важноста од одржување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот преку негово целосно интегрирање во Европската Унија.
Дополнително, биле реафирмирани заложбите што двајцата министри, на Македонија и на Грција, ги истакнале на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, особено во делот на унапредување на соработката во одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата и туризмот, со посебен акцент на економската соработка.
На средбата со амбасадорот Вард, пак, биле поздравени пријателските односи и взаемните заложби за интензивирање на политичкиот дијалог, како и на економската и секторската соработка. Во оваа прилика, министерот Муцунски изразил благодарност до ирската страна за безрезервната поддршка за интеграцијата на Македонија во Европската Унија, и изразил надеж дека земјата наскоро ќе ги започне пристапните преговори за членство во Унијата.