вторник, 22 октомври 2024

Министерот Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Палевски

Од Министерството за правда соопштија дека министерот Кренар Лога го потпишал барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо откако барањето беше изготвено во Јавното обвинителство. Останува да се преведе на турски јазик и испрати во Турција по брза пошта кај тамошните надлежни власти.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски и откако ќе биде преведено на турски јазик ќе биде веднаш испратено на турските власти, односно до Министерството за правда на Република Турција. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок по што  Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја“, се вели во соопштението од министерството.

Претходно од Министерството за правда беше соопштено дека се известени турските власти за барањето Палевски да биде задржан во притвор додека не пристигне до нив официјалното барање од македонските власти за екстрадиција. Притоа беше наведено дека е потребно да се комплетира потребната документација од надлежните државни институции, потоа да се преведе на турски јазик и испрати по ДХЛ пошта.

Љупчо Палевски со прекар Палчо е првоосомничен за убиството на тинејџерката Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Тој беше избеган преку Србија и Бугарија во Турција, во градот Баликесир каде по црвената потерница на Интерпол е лоциран од турската полиција и уапсен. Вчера министерот Оливер Спасовски објави дека во соработка со турските власти е упасен Палевски и дека за тоа е добина потврда од нив, како и фотографии од уапосениот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ