понеделник, 25 ноември 2024

Минчев и Вреди повторно во конфликт за балансерот

Основната заложба на оваа влада е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување. Дојдено е време во администарцијата да се вработуваат луѓе врз база на знаење и кавалитет, со цел да имаме силна и ефикасна јавна администрација, изјави денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев. На денешната конференција за медиуми веднаш реагираа од коалицијата Вреди, коалициски партнер од власта на партијата на Минчев ЗНАМ. Од Вреди велат дека тие се за нов закон за правична застапеност кој ќе овозможува Албанците да бидат дел од сите институции врз основа на квалитет, интегритет, стручност.

Објавено на

часот

Сподели

„Темата за балансерот е завршена, архивирана и се спроведува. Не се прави ништо намерно, ниту се провоцира, туку единствено се почитуваат законите“, вели Минчев кој неодамна ги врати на доработка годишните планови за вработување на институциите во јавниот сектор, на кои им порача да го почитуваат новиот начин на пресметка на балансерот.

Минчев вели дека во законот јасно стои дека алатката баленсер се применува исклучиво на резидентното население што живее на територијата на државата, согласно податоците на последниот попис.

„Не постои ништо што е намерно. Или ќе се почитува закон или нема да се почитува закон. Јас како министер сум должен да го почитувам законот и тоа ќе го правам сѐ додека сум на оваа функција. Стриктно е наведен членот за пресметката во балансерот дека се однесува исклучиво на резидентното население на територијата на Република Северна Македонија, односно сите жители кои живеат на територијата на Република Северна Македонија ќе бидат во формулата за пресметка на баленсерот“, рече тој.

„Основната заложба на оваа влада е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување. Дојдено е време во администарцијата да се вработуваат луѓе врз база на знаење и кавалитет, со цел да имаме силна и ефикасна јавна администрација. Но тоа е второто начело, а првото начело е да имаме квалитетни закони, токму овие за кои денеска разговараме, за кои е исклучително важно да бидат применливи, да бидат системски закони. Ако го постигнеме тоа, тогаш можеме да разговараме за втората фаза, односно за добра и квалитетна администрација врз база на знаење и квалитет“, рече Минчев.

Од 120 годишни планови за вработување, Минчев врати 115 на доработка, поради погрешно впишан процент на етничка задница, т.е. неусогласеност со новиот начин на пресметка на балансерот, изјави Минчев.

На ова реагираат од Вреди. „Минчев и Димитриевски уште живеат во сопствените заблуди. Не живееме во 1997, ниту тие се клучен фактор во Владата. Напротив! Застапеноста на Албанците никогаш нема да биде завршено прашање, и најмалку ќе зависи од партија како ЗНАМ. Дневна политика од Балансерот прават токму Минчев и Димитриевски, кои мислат дека нивната антиалбанска доктрина ќе ги направи голема партија. Наместо да пукаат со ќор фишеци треба да го научат ставот на Вреди. Ние сметаме дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет на злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат во јавната администрација се пишуваат Албанци. Затоа, неопходен е закон за правична застапеност кој ќе овозможува Албанците да бидат дел од сите институции врз основа на квалитет, интегритет, стручност“, се вели во реакцијата на Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ