петок, 18 октомври 2024

Минчев: Балансерот ќе се применува според процентот на резидентното население

Министерството за јавна администрација, согласно законските надлежности го продолжува процесот на усогласување и одобрување на годишните планови за вработување на институциите во јавниот сектор, согласно извршените промени во дигиталната алатка балансер во однос на процентите, а во корелација со податоците од последниот спроведен попис на населението на територијата на Македонија во 2021 година, изјави на денешната конференција за медиумите министерот Горан Минчев.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Измената на процентите на балансер алатката исклучиво се направени согласно Законот за вработените во јавниот сектор кои претходно не бил испочитуван.

Тоа значи дека во пресметката на балансерот како дел од годишните планови за вработување во јавниот сектор, ќе биде вклучено само бројот на резидентното население во државата, а нерезидентно население е исклучено од  пресметката на балансерот“, рече Минчев и додаде дека во Министерството за јавна администрација се пристигнати околу 120 годишни планови за вработување на институциите од јавниот сектор.

„Од нив само пет се со позитивно мислење, додека останатите се вратени со укажување и забелешки по кои институциите треба да постапат. На институциите им се вратени на доработка годишните планови со цел да ги усогласат со  коригираните податоци во ново вграденото решение во балансерот, согласно резидентното население на територијата на Република Северна Македонија, каде што разликата во процентите согласно последниот спроведен попис на територијата на Република Северна Македонија се: Македонци од 54,21 % на 58,44, Албанци од 29,52% на 24,30%, Турци од 3,98% на 3,86%, Роми од 2,34%, на 2,53 %, Срби од 1,18% на 1,30 %, Власи од 0,44 % на 0,47 %, и Бошњаци од 0,87% на 0,87“, изјави Минчев.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ