четврток, 25 јули 2024

Милошоски за најавената резолуција на Бундестагот: И во 2004 имаше за уставното име…

Објавено на

часот

Сподели

Милошоски во изјава за МКД.мк вели дека и во 2004, германскиот Бундестаг донесе резолуција со која се бараше користење на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација со Германија.

Резолуцијата беше многу добра и со истата се бараше почитување на уставното име како еден од националните симболи на секоја суверена држава. Но, резолуцијата не беше обврзувачка за владата на официјален Берлин и нејзината примена никогаш не се случи“, рече Милошоски.

Валтер Колбо, поранешен германски парламентарец и прв човек на германско-македонското друштво, во 2011 година изјави дека за Европа спорот за името е несфатлив. Тој тогаш ја спомена и Резолуцијата на Бундестагот од 2004 година за користење на уставното име на Македонија, која не стана обврзувачка за германската влада.

Денеска е најавено дека германскиот Бундестаг в четврток ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет.

                                                                                                                                                                              А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ