„Исто така разменивме идеи како можеме заемно да си помогнеме како сестрински партии во однос на изборните кампањи и во Америка, и во Македонија, во кои ќе бидеме ангажирани во текот следната година“, напиша Милошоски.
Тој во интервју за Гласот на Америка изјави дека неговата партија има шест-седум кандидати за претседателските избори и дека во февруари партијата на конвенција ќе го избере својот кандидат, за кој Милошоски вели дека ќе биде идниот македонски претседател.
Во однос на парламентарните избори Милошоски вели дека ќе настапат во коалиција со партиите кои се веќе дел од коалицијата Обнова за Македонија, а во однос на можното коалицирање со ДУИ тој рече: „Ние бараме решенија на проблемите кои ја мачат Македонија, а токму ДУИ е еден од големите извори на проблемите и корупцијата во Македонија. За да не зависиме од ДУИ нашата цел е ВМРО-ДПМНЕ да освои повеќе од 60 пратеници“.