среда, 4 декември 2024

Сиљановска до Орбан: Не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство

Билатералните односи меѓу двете државикако на политички, така и на економски план, и македонските аспирации за членство во Европската Унија беа темите на разговорот меѓу претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на самитот за климатски промени (КОП29) во Баку.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата беше констатирано дека Унгарија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поддршката што Унгарија ја дава во повеќе области, вклучувајќи ги европските аспирации на нашата држава, како и фактот што прашањето за проширувањето е високо на агендата на тековното унгарско претседателство со Европската Унија.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и изрази надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ