среда, 4 декември 2024

Предвремени избори во Германија во февруари

Владејачките и главната опозициска партија во Германија постигнаа договор за одржување предвремени парламентарни избори на 23 февруари следната година, јавија локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Германската агенција ДПА објави дека Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, нејзиниот коалициски партнер Зелени и опозициската Христијанско-демократска партија (ЦДУ/ЦСУ) постигнале договор за датумот на предвремените избори, на преговорите во Берлин.

Договорот е постигнат помалку од седум дена по колапсот на левичарско-либералната коалициска влада на Шолц поради спорот со либералните Слободни демократи (ФДП) околу економската политика.

Шолц минатата недела кажа дека би можел да свика гласање доверба на владата во јануари, отворајќи пат за предвремени избори во март.

ЦДУ инсистирала предвремените избори да бидат закажани најдоцна во февруари.

По тој компромис, конечната одлука за датумот на изборите ќе ја донесе германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој има клучна улога во распуштањето на парламентот и распишувањето на изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ