понеделник, 9 декември 2024

Награди за Јована Миладинова и Васил Зафирчев на Меѓународниот фестивал на актерот во Црна Гора

Актерката Јована Миладинова за ликот на Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“ доби Гран при за главна женска улога на свеченото доделување на наградите на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Васил Зафирчев за толкувањето на Пирс Гејвстон во истата претстава доби Гран при за споредна машка улога.

Објавено на

часот

Сподели

Претставата „Едвард Втори“ е работена според текст на Сашо Димоски и Андриј Жолдак, а режијата е Андриј Жолдак.

Како што информираат од Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ за МИА, наградите биле доделени вчера. Одлуката ја донела жири-комисијата во состав: Зијах А.Соколовиќ, Весна Чипчиќ и Милош Латиновиќ.

Јована Миладинова храбро исчекорува од просторот на својот моментален животен хабитус и смело се препушта на значајна режисерска постапка и на фасцинантен начин, низ збор, движење и енергија, го креира ликот на Изабела, жена распната помеѓу љубовта, страста, но и желбата за власт и висините на моќта, се вели во образложението за наградата.

Жири-комисијата наведува дека Васил Зафирчев го креира ликот на Гејвстон со особена сценска лирика, но и со прецизни актерски средства кои се потпираат на кореграфија и сценско движење.

Јована Миладинова  за улогата на Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“ доби награда за најдобра млада актерка „Рејхан Демиржиќ“ на Меѓународниот фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево, МЕСС.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ