среда, 20 ноември 2024

Милошоски: Уште еден пратеник од власта нема да гласа за уставните измени

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека власта бркајќи пратеници во опозицијата и споменувајќи раздор, почнала да ги губи своите пратеници.

„Гледаме дека пратеници излегуваат од мнозинството и формираат други партии, а гледаме и дека други пратеници амандманите ги сметаат за неуставни. Затоа нашето очекување, она што денес го имавме на комисијата, да се повтори и на 18 август односно владиниот проект за кој нема политички, општествен, национален консензус и е генерално диктирана обврска од Софија, да не помине во Собрание и да не се случат уставните измени“, потенцираше Милошоски.

„Овој билатерален проблем се европеизира. Наместо да ние имаме стандардни услови за Копенхашки критериуми ние треба да се надмудруваме за историски прашања пред 100 или 200 години. Тоа воопшто ова не е европски принцип“, рече Милошоски и додаде дека Бугарија никогаш досега, до 2020-та година не го поставила прашањето за уставни измени и за внесување на дел од бугарскиот народ.

„Тука не би го потценил ниту однесувањето на македонската Влада, како мотив за ваквото однесување и став на официјална Софија. Затоа што вие кога настапувате од позиција на доброволна потчинетост тогаш секој сосед ќе гледа да ја искористи таа потчинетост ако вам не ви пречи како држава и како нација. Однесувањето на Заев и однесувањето на Ковачевски се со една сервилност и потчинетост, внатре – потчинетост кон ДУИ, а надвор – потчинетост кон официјална Софија, мислам дека Бугарија сосема добро ја искористи. Но, не треба да значи дека секој следен треба да ја продолжи оваа погрешна тактика“, појасни тој.

Милошоски смета дека Македонија треба да има избори, да го даде суверенитот на одлучување кај граѓаните, да си излезат партиите со предлози како овој создаден проблем може да се надмине и довербата на граѓаните да биде главниот суд.

„Денес се објави веста, пред четири часа од Олаф, Агенција за борба против злоупотреба на европските фондови, од 36 злоупотреби во регинотот на Западен Балкан, 18 се водат за Македонија. И сметам дека таквото однесување за македонската Влада е поразителна, тоа е антиевропско однесување“, рече Милошоски коментирајќи ја неспособноста на Владата и криминалот кој што сѐ повеќе го има во државата поради владините функционери.

Милошоски нагласи дека суштината на однесувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е дека ќе гласа како и денес, против уставните измени.

Тој додаде дека власта може и да ја одложи пленарната седница за да купи време како што купуваше досега, но уставните измени нема да се случат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ