Пендаровски во 2020 година зборуваше дека е “вон памет“ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето, тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса. Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија, пишува Милошоски.
„Затоа, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва, бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа! Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД. Македонија и САД во 2008-ма потпишаа документ за стратешко партнерство и тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и продлабочува, без разлика на менувањето на владите и претседателите во двете земји. Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да И помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не И одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси!“, напиша на фејсбук Милошоски.