„Демократските пропагандисти повеќе од три години зборуваат за лажен државен удар, па сега гласно негираат дека се случил вистински државен удар. Претседателот Бајден не беше во опасност да биде сменет на 6 јануари 2021, но всушност беше сменет како кандидат на Демократската партија на 21 јуни 2024, и покрај неговото постојано инсистирање дека не сака да си оди“, порача Сакс на социјалната платформа Икс.
Додаде дека тоа не била доброволна абдикација.
„Беше тоа политички удар, (со американската конгресменка и поранешна претседавачка на Претставничкиот дом) Ненси Пелоси како детонатор“, наведе тој, а неговата објава најбрзо ја одобри и сопственикот на Икс Илон Маск.
Democrat propagandists have been talking about a fake coup for over 3 years so now they’re frantic to deny that a real one has occurred. President-elect Biden was in no danger of being deposed on January 6, 2021 but he was actually deposed as Democratic Party nominee on July 21,… https://t.co/gGpp6xvj9B
— David Sacks (@DavidSacks) July 24, 2024
Претходно Ен-би-си њуз, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека Пелоси одиграла клучна улога во повлекувањето на Бајден од претседателските избори во ноември.
Бајден на 21 јули соопшти дека се откажува од кандидатурата и ја поддржа потпретседателката Камала Харис како кандидат на демократите.