сабота, 19 октомври 2024
Хрватскиот претседател

Милановиќ: Србија мора да ѝ воведе санкции на Русија ако сака во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Србија ако сака во Европската Унија мора да го прекине овој вид односи со Русија, мора, Мора да воведе санкции“, кажа хрватскиот претседател.

Тој му порача на Белград дека војната во Украина трае повеќе од една години, а тие сè уште не се изјасниле „каде се“.

Милановиќ додаде дека него го сметаат за русофил, но дека премиерот Андреј Пленковиќ „најнормално се сретнува и кова некакви големи, но доста нејасни планови со луѓето кои се руска платформа во Европа“.

Со тие зборови тој ја коментираше средбата на Пленковиќ со српската премиерка Ана Брнабиќ во Бански двори во неделата.

„Брнабиќ е портпаролка, таа е курир на господинот (Александар) Вучиќ. Нормално, јас тоа не го потценувам, но треба да се знае кој игра каква улога“, кажа Милановиќ и ја повика Србија „да престане да тропа за етничкото чистење во Хрватска“.

Брнабиќ во неделата учествуваше на собранието на Српскиот народен совет во загрепската сала Ватрослав Лисински.

Српскиот народен совет „не ги претставува Србите во Хрватска“, тоа е „измама и не е репрезентативна установа“, кажа Милановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ