сабота, 26 октомври 2024

Милан со пресврт во финишот победи во Удине

Со голови на Јовиќ и Окафор во финишот од натпреварот Милан со 3-2 го совлада Удинезе на негов терен.

Објавено на

часот

Сподели

Милан одлично го почна натпреварот, поведе со гол на Лофтус-Чик во 31. минута, но десет минути подоцна Самарџиќ го изедначи резултатот на 1-1.

Во 62. минута Тован погоди за комплетен пресврт и водство на Удинезе од 2-1, но тоа не беше единственото вртење на резултатот на овој меч.

Течеше 83. минута кога Јовиќ начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на Удинезе за 2-2. А во 93. минута Окафор се најде на вистинското место и постигна гол за побееда на Милан од 3-2.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ