Росонерите пред овој меч имаат шест последователни порази во дуелите со Интер, но конечно на таа ужасна серија ѝ дојде крајот.
Натпреварот почна одлично за Милан, по само 10 минути игра Пулишиќ даде гол за водство од 1-0.
18 минути подоцна резултатот беше израмнет, Димарко реализираше по асистенција од Лаутаро за 1-1.
И двете екипи имаа шанси за гол, но овој резултат долго време беше актувен, се чинеше дека така и ќе заврши мечот, но тогаш падна гол.
Во 89. минута по нафрлување на Реиндерс, Габија даде гол со глава за победа на Милан од 2-1.