Тој нагласи дека ќе покажат нешто поразлично од ова што било досега и додаде дека петте нивни претставници во техничката влада ќе го покажат тоа во следните 100 дена.
„Ценам дека овие пет професионалци ќе покажат дека не се сите исти и на 8 мај ќе славиме“, рече Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ одржува дебата на која учествуваат лидерот на партијата Мицкоски, Панче Тошковски, предложен кандидат за технички министер за внатрешни работи, Ѓоко Велковски, предложен кандидат за технички министер за труд и социјална политика, Елена Петрова, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Цветан Трипуновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Стефан Андоновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.