вторник, 22 октомври 2024

Мицкоски сака средба со Ковачевски насамо, премиерот нуди тимски разговори

Објавено на

часот

Сподели

Во гостување на емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија, Мицкоски рече дека досега немаат добиено официјална покана за средба. 

„Моето искуство покажало дека на таков широк формат на средби, не лидерска, туку тимска средба, никогаш не се носеле заклучоци. Тоа е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно после една таква лидерска средба да излеземе со некаков заклучок“, рече Мицковски.

Според него, доколку постои инсистирање наместо лидерска да има тимска средба, тогаш предлогот е прво да се организира средба меѓу тимовите, да се видат позициите, а потоа да се сретнат лидерите на двете партии.

Вели дека има две опции за кои би требало да се разговара – едната се уставните измени и втората што доколку не успее овој процес. 

Прашан дали сè уште е жива идејата за предвремени избори по кои би се формирала широка влада, Мицкоски рече дека тој е за влада во која „ќе има широко македонско национално единство“.

Инаку не се знае точно кога би се одржала средбата ниту пак дали желбата на Мицкоски ќе се исполни затоа што Ковачевски најави средба со Мицкосски и со тимовите од двете страни.

Теми на разговор, како што најави Ковачевски, би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицковски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласаат за овие измени и дека треба да се оди на есенски избори. 

„Ќе повикам на лидерска средба, а темите ќе бидат одлуките што треба да се донесат за продолжување на европските интеграции на државата и зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, како и темата за односите со соседите бидејќи добрососедските односи се едни од најзначајните за европските интеграции. Средбата треба да се одржи во текот на наредните денови и за сите детали ќе може да информираме заедно со сите учесници на средбата“, рече Ковачевски во четвртокот во телевизиско гостување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ