понеделник, 18 ноември 2024
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Ќе заминам од политиката ако само еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски потсети на периодот кога тогашната власт бараше гласови за менување на името на Република Македонија и рече, најдоа гласови во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Трчаа по ВМРО-ДПМНЕ и најдоа осум гласови.Тоа беше голем срам за партијата, нагласи тој.

„И не беа само осумина пратеници, беа повеќе, имаше неколкумина кои беа на ‘резервната клупа’. Да, тоа е вистината. Додека не ја погледнеме вистината во очи, нема да бидеме подобри. Така беше. И затоа ви повторувам, ако еден пратеник ја изневери мојата доверба, јас заминувам од политиката“, рече Мицкоски.

„И еве, дојде денот, 18 август, кога нашите 44 пратеници рекоа не за бугарскиот диктат, да за Македонија. И не беше лесно, зашто ние не се бориме само против оваа Влада на ДУИ и малите и бедни измеќарчиња од СДСМ, туку се бориме против многу помоќни, денеска во 21 век кога се поставува прашањето за постоењето на македонскиот народ, бидејќи некој се труди да го избрише нашето постоење“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ