Во интервјуто за централното вечерно издание на вестите на грчката телевизија, Мицотакис посочи дека во конкретното прашање „Грција не е сама и има поддршка од цела Европа“, а грчката „позиција е апсолутно разбирлива“.
Toj нагласи дека Северна Македонија влезе во НАТО, бидејќи се реши прашањето со името, преку Договорот од Преспа.
„Договорот од Преспа имаше други слабости, но едниот член од Договорот од Преспа што се однесува на името, ерга омнес, името Република Северна Македонија за севкупна употреба не е подложно на никакво оспорување или правно толкување. Ова е името на земјата и никој не може да ја нарекува со друго име. Ова е нешто што апсолутно јасно му го ставив на знаење на премиерот на Северна Македонија за време на Самитот на НАТО, дека се наоѓа на оваа маса токму затоа тоа што е потпишан договорот кој во моментов не го почитува“, рече Мицотакис.
Тој повтори дека лично, поради македонската националност и јазик беше против Договорот, а не поради името.
– Овој договор треба да го почитуваат нашите соседи затоа што ги сакаме блиску до Европа, не сакаме да бидеме скарани, посочи Мицотакис за „Скај“.