среда, 27 ноември 2024

Мицкоски: Власта со една рака мавта со знамињата на ЕУ, а со другата ја крадат државата

Со обвинувањата за наводното руско влијание, партиите од власта со тоа мислат дека ќе добијат некој поен плус, но никој не е толку наивен да верува во логиката на власта да мавтаат со една рака со знамињата на ЕУ и со другата ја крадат државата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клан директ“ на ТВ Клан Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Тој исто така додаде дека ваквата тема која власта сака да ја наметне е апстрактна бидејќи историски гледано руското влијание во Македонија можеби е најмало на Балканот, а граѓаните на Македонија ја гледаат нивната иднина во ЕУ и имаат направено најмногу од сите народи за да бидат дел од ЕУ.

„Тоа е обид на луѓето кои се сè уште во власта за дефокус на јавното мислење. Тие мислат дека на тој начин ќе наметнат тема во јавноста и сега ние треба околу таа тема и периметарот на таа тема да дискутираме, да кажуваме кој е за Русија, кој е против Русија, кој е за ЕУ и кој е против ЕУ. Ниту едната, ниту другата тема се суштински теми. И едната и другата се апстрактни теми затоа што историски гледано руското влијание во Македонија можеби е најмало на Балканот. Тоа е прво. И второ, историски гледано граѓаните во Македонија се едни од оние на Балканот кои најмногу ја гледаат својата иднина во рамките на ЕУ“, истакна Мицкоски.

„Граѓаните на Македонија направија можеби најмногу од сите народи во Источна Европа за да бидат дел од таа Европска Унија, а тоа што не сме таму, тоа е прашање од сосема друга природа. Најмногу поради оние непринципиелни блокади што ги имавме од нашите соседи, а потоа од криминалните политичари кои досега ја водеа Македонија“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ