среда, 23 октомври 2024

Мицкоски: Состојбите во Буџетот се катастрофални, следуваат истраги

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека владината седница за ребаланс на Буџетот сѐ уште не е завршена, укажувајќи дека состојбите кои се наследени се алармантни и катастрофални, но потенцираше дека ќе има истрага како и што е трошено.

Објавено на

часот

Сподели

„Има една катастрофална алармантна состојба која што ја оставиле, направиле Буџет за 6 месеци, како да знаеле кога го правеле Буџетот дека нема да бидат повеќе власт, па се труделе што повеќе проблеми да ѝ остават на новата Влада. Така милијарда, една милијарда денари останале непокриени, законски обврски кои морале да ги направат не ги предвидувале во Буџетот… Но, мислам дека период што следи истражните органи ќе имаат многу работа“, дециден е тој.
На прашањето што значи тоа, премиерот Мицкоски рече:
„Па да ги истражуваат сите овие работи кои се оставени како недостатоци и зошто се тие недостатоци. Еве на пример да ви кажам дека вработените во Национални шуми четири месеци немаат земено плата и само тука се потребни околу 250 до 280 милиони денари. Водостопанство исто така нема земено плати, акутно се потребни од 60 до 100 милиони денари“.
Според премиерот Мицкоски ваквата состојба е поради лошото менаџирање од страна на претходната влада.
„И тоа е резултат од лошото менаџирање, а недостасуваат и 3 милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади се пари кои треба да се платат по основ на казни поради тоа што некои од министрите дивееле и ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот, вработените тужеле и сега Буџетот треба да ги сервисира тие обврски затоа што некој дивеел“, додаде премиерот Мицкоски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ