понеделник, 25 ноември 2024

Mицкоски се сретна со амбасадорите на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Мицкоски ги информираше амбасадорите за заложбите на Владата за спроведување на клучни реформи во правосудството, борбата против корупцијата, економскиот раст и инвестициите кои треба да ја приближат нашата земја до европските стандарди.

Амбасадорите на државите-членки на ЕУ ја потврдија својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Македонија и изразија подготвеност за понатамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси.

Средбата заврши со согласност за натамошно интензивирање на соработката и зајакнување на билатералните односи во различни области од заеднички интерес, соопшти Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ