Тој забележа дека не е тајна дека во минатото и до денеска дека можеби имаат многу концептуални разлики кога станува збор за сегашноста, справувањето со реалните проблеми, политиките, идеолошки разлики, бидејќи доаѓаат од различки политички семејства.
„ Како Влада имавме пред нас, би рекол, предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често пати на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници“, рече Мицкоски.
Премиерот посочи дека за Владата, националното единство и националните интереси се пред и над партиските.
„ Да се има Македонка, во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши“, изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека во текот на вчерашниот ден телефонски се слушнал со Радмила Шекеринска и како што рече „разговараме дека нема дилема дека треба заедно да соработуваме и дека треба да направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија и со тоа да помогнеме за безбедноста и сето она што им е потребно на македонските граѓани“.