недела, 9 март 2025

Мицкоски нема да биде изненаден ако растот во првиот квартал од годинава е до 4,5 отсто

Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4 и 4,5 отсто, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Индикаторите кои се јавуваат во првата половина година од мандатот на Владата укажуваат дека сме дојдени до состојба нула, имаме 1,25 милијарди евра странски инвестиции за претходната година од кои рекордни 400 милиони за четвртиот квартал со што повторно сме најдобра земја во регионот по глава на жител и во првите три во Европа, а растот на БДП за 2024 година е 2,8 иако некои ни предвидуваа дена нема да биде ниту еден отсто“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Свети Николе.

Нашата стратегија по доаѓањето на власт, додаде, беше поделена во три чекори од кои првиот беше да се спречи слободното паѓање, бидејќи системот и институциите беа во распад, владината сметка беше минус 200 милиони евра, во што успеавме.

„Втората фаза е од таа точка да стигнеме полека до состојба нула и практично сме на крајот од овој втор чекор. Индикаторите што ги истакна Државниот завод за статистика токму тоа го велат дека конечно дојдовме до состојба нула иако некои предвидуваа дека консолидирањето ќе трае можеби една или 1,5 години“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ