сабота, 19 октомври 2024

Мицкоски најави намалување на данокот на добивка

Во периодот што следи ќе ја анализираме можноста за намалување на даноците. Ние кажавме и тоа е дел од нашата програма дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но, да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот, изјави претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на Северо-западна Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Прв чекор кон намалуваме на даноците, ќе биде оној данок на добивка што се плаќа сега и сите мултинационални компании кои планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра. Плус, ќе добијат би рекол субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до пет проценти. До сега беше до 10 проценти фиксна, во овој случај ќе биде до 5 проценти“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој ги повика сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да инвестираат во државата.

„Затоа ги повикувам, ја користам оваа прилика сите македонски компании кои соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот, а тоа ќе значи и повеќе ликвидност за македонската економија и повеќе пари по основ данокот на добивка во Буџетот“, изјави премиерот Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ