вторник, 22 октомври 2024

Мицкоски ја продолжува играта околу името на земјата, пишуваат грчки медиуми

Мицкоски ја продолжува играта околу името на земјата, е чест наслов во објавите на грчките медиуми кои ја цитираат изјавата на идниот премиер Христијан Мицкоски дека при заклетвата за функцијата ќе го каже уставното име на државата.

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите во Грција, како што е пракса во изминатиот период, акцентот го ставаат на (не)употребата на уставното име, па така, овој пат, како што јавува МИА од Атина, текстовите во онлајн изданијата се под насловите: „Северна Македонија: Христијан Мицкоски инсистира на терминот Македонија – за викендот новата Влада“; „Само во контактите со странските лидери, Мицкоски ќе го користи Северна Македонија“; „Мицкоски: Усно Македонија, писмено Северна Македонија“; „Мицкоски: Во странство ќе го користам уставното име, дома само Македонија“; „Скопје: Мицкоски ја продолжува играта околу името на земјата“.

Поголемиот број од порталите го објавуваат текстот на грчката агенција АНА-МПА во кој е пренесена изјавата на Мицкоски во синоќешното интервју за ТВ Сител, па медиумите пишуваат:

„Истото име ќе го користи и во контактите во странство со странските лидери, како што рече. Но, во внатрешноста на земјата, како во јавните настапи, така и во изјавите ќе го користи името ‘Македонија’, бидејќи, како што самиот рече, името на неговата земја и татковина е ‘Македонија’, пишува грчката државна агенција.

Паралелно, грчката новинската агенција во посебен текст се осврнува и на писмото на Мицкоски до претседателот на Собранието, во кое, како што пишува, „го користи уставното име на земјата“, пренесувајќи ја целата содржина, што исто така е објавено и во останатите медиуми во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ