вторник, 22 октомври 2024

Мицкоски заклетвата како премиер ќе ја даде со уставното име на Македонија

Мандатарот за состав на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата за премиерската функција ќе ја даде со уставното име на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Уставното име на државата е јасно и не треба да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име – тоа е со придавката. Собранискиот деловник е променет и во него е содржано тоа име со придаваката и така и ќе кажам. Не гледам друг начин како тоа да го кажам, а да не биде повторно главна тема. Сакам таа тема да ја затворам“, порача вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада.

Тој во интервју за ТВ  Сител рече дека во заклетвата што ќе ја даде идната влада ќе го користи новото уставно име на државата исто како и при посетите во странство.

„Сепак, во секојдневната употреба и при давањето на изјавите во земјава ќе го користам името Македонија. Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме“, рече Мицкоски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ