вторник, 22 октомври 2024
Реакција на идниот премиер

Мицкоски: Изјавата на Мицотакис е анахрона, сѐ ќе кажам, бевме излажани за името со членство во ЕУ

Тоа се анахрони изјави спротивни на Копенхашките критериуми, но јас се подготвувам за Самитот на НАТО со аргуметни и ќе ги погледнам в очи оние европски политичари кои мене ми ветуваа дека само уште името на државата да го смениме и за пет – шест години ќе станеме членка на ЕУ, а тоа испадна лага. Ова го изјави мандатарот Христијан Мицкоски како коментар на изјавата на гркиот премиер Кирјакос Мицотакис дека ако  Мицкоски и како премиер продолжи со игрите со името дека ќе се најде во непријатна позиција на Самиот на НАТО и дека ќе има големи проблеми со Грција.

Објавено на

часот

Сподели

„Ги сакам предзвиците. Мојата позиција е јасна. Доколку во Европа постојат европски политичари кои се претставуваат како современи и модерни, како политичари од 21-от век, а сепак во себе имаат талибански мотиви и сакаат да го загрозат човековото право загарантирано со меѓународни конвенции, јас сум подготвен да дебатирам. Јас сакам да градиме мостови, а не да ги уриваме. Да разговараме врз основа на факти и аргументи каде било, и на Самитот на НАТО и во Атина и во Брисел и во Скопје. Ако ги слушавме тие нивни пораки веќе требаше да отпочне ратификацијата на протоколот на нашиот влез во ЕУ бидејќи се сеќавам дека политичари кои денеска се гласни за почитување на Преспанскиот договор пред 6 години ме гледаа во очи и ми велеа: ‘Христијан, само уште ова да го прифатите и вие сте за пет – шест години дело од ЕУ’. Би сакал нив да ги погледнам во очи и јас да им кажам дека се нечесни и дека даваат лажни изјави со кои го манипулираат овој мал, драг и скапоцен народ во срцето на Балканот. Додека има манипулации и двојни стандарди, додека не се држиме до Копенхашките критериуми и европските вредности дефинирани од Де Гаспер, Шуман и Аденауер, ќе ни се случуваат вакви анахрони изјави и талибански методи и враќања во стариот век“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ