вторник, 22 октомври 2024
Порака од грчкиот премиер

Мицотакис: Мицкоски да не се поигрува со Атина зашто ќе има големи проблеми

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му упати прецизна порака на Христијан Мицкоски дека од моментот кога ќе ја преземе премиерската функција ако продолжи „со игрите со името“ дека ќе има проблеми во односите со Грција, но и со НАТО и со ЕУ. Секако дека

Објавено на

часот

Сподели

„Ме прашувате што се случува, ви велам не може да продолжиме вака. Премиерот на Северна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на Самитот на НАТО“, рече грчкиот премиер Мицотакис во интервју за радиото Реал ФМ, прашан за коментар за ставот на Мицкоски дека свечената заклетва ќе ја даде со уставното име на државата, но дека во домашна употреба ќе ги изговара само името Македонија.

Мицотакис, како што пренесува МИА од Атина, нагласи дека Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и уште еднаш го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО во првата половина на јули.

„Секако ќе го покренам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје мора да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Северна Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка“, рече Мицотакис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ