вторник, 26 ноември 2024
Парламентарни избори 2024

Мицкоски: ДУИ ќе мора да оди во опозиција зашто политиката не е шведска маса

Сите сме граѓани на Македонија и не знам како во ДУИ пресметале дека се претставници на мнозинското немакедонско население. Но, политиката не е шведска маса, па ДУИ ќе земе од СДСМ, потоа од ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ беше шест и пол години власт заедно со СДСМ. Очекувам голема победа и немаме елементарна доверба за соработка со ДУИ, ќе мора да заминат во опозиција. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцирајќи дека е минато принципот „победник со победник“.

Објавено на

часот

Сподели

По разговорите во Стопанската комора на северо – западна Македонија, на новинарско прашање за ставот на ДУИ дека без нив нема да може да се формира Влада и дека претседателските избори покажале дека се легитимни преставници на Албанците и на други етнички заедници,  Мицккоски одговори:

„Жалам што се уште раководството на ДУИ живее во минати времиња. Македонија е држава на сите граѓани и не е федерација, не е ниту бинационална, тринационална или четиринационална држава. Според Уставот, Македонија е држава на сите граѓани, а според демократијата, тој што има 61 пратеник ја формира Владата. Не знам како тие во ДУИ пресметале дека се претставници на мнозинското немакедонско население на Македонија., Јас сметам дека сите сме граѓани на Македонија, Македонци. Ценам дека политиката не треба да се гледа како шведска маса, па ДУИ ќе земе од СДСМ, па ќе зема од ВМР)… ДУИ беше шест и пол години со СДСМ., очекувам да бидат поразени на парламентарните избори и очекувам да бидат опозиција во наредниот период. Очекувам убедлива победа и на Гордана Сиљановска Давкова и на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ“.

На прашањето за коментар за принципот „победник со победник“ кој ДУИ повторно го истакнува Мицкоски рече дека демократијата се темели на принципот кој има мнозинство во парламентот.

„Правилото ‘победник со победник’ или т.н. Мајски договор ДУИ самите го прекршија во 2017 година. И ќе повторам, не смееме на политиката да гледаме како на шведска маса. Доколку ВМРО-ДПМНЕ оствари мнозинство на изборите, немаме ниту елементарна доверба за соработка со ДУИ, така што тие мора да одат во опозиција“, нагласи Мицкоски.

На прашањето дали имал средба со сите тројца лидери на коалицијата Вреди и што евентуално е договорено, Мицкоски рече дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во моментов е фокусирана на претседателските и парламентарни избори.

„Веднаш кога изборите ќе завршат и резултатите ќе бидат познати, ќе седнеме со сите опозициски политички партии и ќе разговараме, рече Мицкоски и додаде дека на Арбен Таравари му честитал на резултатот во првиот круг од претседателските избори особено затоа што, како што нагласи, имајќи предвид дека противкандидати му биле Стево Пендаровски и Бујар Османи.

На прашањето за условите од Вреди за коалицирање во идна влада, кои ги истакнаа деновиве лидерите на таа коалиција, меѓу кои се и уставните измени, Мицкоски рече:

„Фокусирани сме на изборите, а мојот став е дека не функционираме на основа на уцени и закани, нека завршат изборите во мај, па ќе дискутираме“.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не скршнувала од европскиот пат, но и додаде дека во дваесетте години наназад имало многу погрешни политики кон Македонија, додека Македонија направила се што било барано.

„Ќе преговараме со ЕУ врз основа на Копенхашките критериуми и вредностите на основачите на ЕУ“, рече Мицкоски..

На прашањето за кои тоа вооружени лица во Чаир напомнал Мицкоски, тој кусо одговори:

„Точно знае Али Ахмети за што зборувам и знае кој негов соработник уживал во луксузен хотел во претседателскиот апартман во Истанбул. Тоа е човекот кој координира таква група“.

А на прашањето дали разговарал за тоа со техничкиот министер за внатрешни работи и дали МВР ќе постапува, Мицкоски новинарите ги упати за одговор до МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ